Италијанскиот стручњак беше неколку месеци без работа откако го напушти Интер на крајот на минатата сезона. Не чекаше многу, стигна понуда од Премиер-лигата, терен кој за него веќе е познат, претходно го водеше тимот на Челзи.
Конте веднаш по доаѓањето одлучи да воведе нови правила, а англиските медиуми објавија дека играчите добиле инструкции и за начинот на исхрана.
Фудбалерите имаат збарана да јадат пица, да пијат газирани скокови. Овие работи веќе се забранети во тренинг центарот на Тотенхем, особено после секој натпревар.
Во тимот беше традиција да се нарача пица после секој меч, но Конте го забрани тоа. Оваа негова одлука не е изненадување, истата пракса ја имаше и со другите тимови.