Игра со рака, Енис Барди од пенал погоди за 1:0

Македонија поведе против Украина со 1:0 со гол на Енис Барди од пенал во 31 минута. На пеналот му претходеше игра со рака на Матвиенко, ситуација која судијата ја прегледуваше преку монитор и досуди пенал. Барди шутира на едната страна, голманот се фрли на другата. Топката заврши во мрежата.