Она што беше проблем во изнинатиот период, се чини дека истиот е надминат. Познато е дека поради долгови кон официјалните лица, не се играа натпревари во мак – кошарката.
Денеска од КФСМ, која пред неколку дена доби ново раководство на чело со Томица Главчев, искочија со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
“Кошаркарската Федерација денеска ја комплетираше исплатата на официјалните лица на кошаркарски натпревари, судии и делегати, во рамки на сите натпреварувања организирани од КФСМ.
Воедно, Кошаркарската Федерација сака да им се заблагодари на сите инволвирани за трпението и се надева дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви непријатни ситуации“










