Фудбалерите на Рајо денеска не тренираа, крадци им ја украле цела тренинг опрема!

174

Рајо Ваљекано го откажа денешниот тренинг откако крадци им ја „собрале“ цела опрема. Како што објавија од клубот, тимот денеска требаше да се собере во тренинг базата на редовен тренинг по петочниот меч со Хетафе, но откако пристигнале во центарот биле сведоци на украдена опрема.

„Ас“, повикувајќи се на извори од клубот пишува дека украдени биле многу парчиња тренинг опрема, како копачки, ракавици, дресови, маркери, топки итн. Полицијата констатирала дека кражбата се случила за време на викендот.

Интересно е што ова не е прв ваков случај. Играчите му се обратија на претседателот на клубот, Раул Мартин Преса, барајќи од него да најде решение за проблемот, затоа што се често мета на најразлични кражби во тренинг центарот.

ПретходноРафиња: Малку недостигаше да заиграм за репрезентацијата на Италија!
СледноШтип УГД не успеа да избори „мајсторка“: Струмица го одбрани шампионскиот трон!