Македонија освои голем бод во Гент. Успеа да одолее на сите напади на силната Белгија, а кога беше најпотребно нашиот голман Столе Димиртриевски покажа дека е голман од највисока класа.
Македонија со овој бод и натаму е лидер на табелата, а по мечот Столе изјави:
“Доста тежок натпревар на белгиски терен. Домашните беа одлични со одлична игра во офанзива, ние мислам дека одработивме перфектен меч во дефанзива. Ни фалеше малку да одиме во напад и да се обидеме да победиме. За Казахстан што да кажам, како следен противник. Ние на секој меч во овие калификации одиме на победа, за нас прво место е историја. Јасно е дека ќе биде доста тежок, сепак играме дома, пред наша публика. Треба да одиграме фантастично ако сакаме да победиме и да бидеме поблиску до тоа прво место на крај и пласман на СП“ посочи Димитриевски.










