ФK „Врапчиште“ ќе додели 60 лаптоп компјутери за ученици

147

Управата на фудбалскиот клуб „Врапчиште“ најави дека ќе обезбеди шеесет лаптоп компјутери за учениците од четири подшарпланински села. Претседателот на клубот Еркан Јусуф за МИА информира дека веќе се набавени 30 парчиња, а преостанатите ќе бидат дистрибуирани следната недела.

Раководството на клубот „Врапчиште“ се приклучи кон кампањата „Компјутери за нашите деца“, која ја почнаа одделенските наставници во ОУ „Врапчиште“. Вчера беа предадени 32 лаптопи кои ќе им бидат врачени на децата во селата Врапчиште, Врањовце, Галате и Зубовце.

– Поради состојбата со недостиг на компјутерска опрема на пазарот, засега обезбедивме половина од планираната количина. Се надеваме дека следната недела ќе бидат набавени и дистрибуирани преостанатите лаптопи за уште триесетина деца, информираа од ФК „Врапчиште“, пренесува МИА.

Фудбалскиот клуб, годинава спроведе три акции и преку нив беа обезбедени изградба на детско игралиште, 110 канти за отпадоци, а со последната ќе се олесни наставата за шеесетина деца во општина Врапчиште.

ПретходноУспешен настап на младите атлетичари на Балканското првенство во Словенија
СледноКОМЕНТАР НА 10. КОЛО: Шкупи со жестока порака до Шкендија!