Реакција на ФК ССК: Теренот во Драчево ќе се реконструира и на пролет ќе блесне во сиот сјај!!!

769

Така е тоа во Македонија. Некој ќе протури погрешна информација, ќе те “закачат“ на интернет дека правиш ова, па она, па оди ти расправај се и кажувај ја вистината.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи, а потоа и на некои портали, излезе информација дека челниците на ФК ССК од Драчево намерно го изорале теренот на игралиштето во истоимената скопска населба, се со цел да напакостат некому.

По ова со реакција се јави претседателот на ФК ССК од Драчево, Љупчо Трајковски, инаку син на фудбалската легенда од таа населба, познатиот Бецко.

Со цел да се дознае што навистина се случило со теренот во Драчево, реакцијата на Трајковски ви ја пренесуваме во целост…

“Јас Љупчо Трајковски, претседател на ФК ССК изјавувам дека во врска со вчерашниот настан на стадионот на ССК се истурија многу невистини, лаги и клевети кон мене, ФК ССК, моето семејство, пријатели, функционери и тоа од страна на една организирана група НЕСРЕЌНИ ЛУЃЕ. ВИСТИНАТА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА. Ние како клуб од 1965 година па до ден денешен континуирано и непрекинато го одржуваме објектот и фудбалскиот терен и се натпреваруваме при сениорските и младинските лиги на Фудбалската Федерација на Македонија. СО ЦЕЛ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ние Управниот Одбор на ФК ССК како клуб донесовме одлука да извршиме замена на постоечката подлога на стадионот. Целата реконструкција ќе се биде самофинансирана од клубот со помош на ентузијасти од нашата населба, со што би ги направиле условите ОДЛИЧНИ ЗА ТРЕНИНЗИ И НАТПРЕВАРИ.

Ние како клуб имаме одлични корелации со Општината Кисела Вода и Фудбалската Федерација на Македонија, кои СЕКОГАШ ни излегувале во пресрет за секое наше барање, се разбира доколку биле во можност. Исто ќе биде и во овој случај каде ЗАЕДНО со Општината Кисела Вода и Фудбалската Федерација на Македонија стадионот ќе добие нов модерен сјај. На севкупната јавност многу добро и е познато како сме се грижеле и уште ќе се грижиме за стадионот кој е гордост и симбол на населбата Драчево. Многу генерации, започнувајќи од Милан Апостоловски па се до ден денешен ПРИДОНЕЛЕ СЕКОЈ НА СВОЈ НАЧИН за клубот да опстане и непрекинато да функционира до ден денес. Благодарност до нашите симпатизери од кои сме ја црпеле енергијата во најтешките мигови и кои ни давале несебична поддршка во секоја ситуација.

НА ПРОЛЕТ СТАДИОНОТ НА ФК ССК ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВ СЈАЈ.

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ, ФК ССК“ завршува со реакцијата Трајковски.

ПретходноКОМЕНТАР НА 10. КОЛО: Шкупи со жестока порака до Шкендија!
СледноМОТО ГП: Оливеира триумфираше во Португалија на последната трка сезонава