МОТО ГП: Оливеира триумфираше во Португалија на последната трка сезонава

127

Мигел Оливеира, возачот на Тек3 КТМ, триумфираше на последната трка во Мото ГП шампионатот. Тој го освои првото место на ГН на Португалија.

Португалецот практично го освои првото место на „домашен терен“ на патеката „Алгавре“, со што ова беше втората негова победа во сезоната, а 14-та во кариерата.

Оливеира на доминантен начин, со водство од почетокот до крајот, на крајот се радуваше на најдоброто место на пиедесталот.

Втор заврши Џек Милер, додка трет Франко Морбидели.

Шампионот Жоан Мир не ја заврши трката поради проблеми со моторот на 10 круга до крајот.

ПретходноРеакција на ФК ССК: Теренот во Драчево ќе се реконструира и на пролет ќе блесне во сиот сјај!!!
СледноСкандал во Куманово: Тепан судијата Божиновски, мечот Башкими – Њу Старс прекинат на полувреме!