Денеска скандал во Куманово, и тоа на натпреварот од Третата лига – Север меѓу Башкими и Њу Старс. Имено како што дознаваме откако завршил првиот дел, со водство на гостите од 1:0, на пат кон соблекувалните тепан бил судијата Христијан Божиновски од засега непознати лица, кои биле на тој натпревар во својство на гледачи.
Тепаниот судија Божиновски откако бил паднат долу тој добил уште неколку удари за да со помош на своите асистенти сепак бил однесен кон соблекувалната. Таму подолго време биле заклучени судиите се додека не дошла полицијата. По сиот овој немил настан судијата Божиновски не сакал и веројатно не можел да го продолжи натпреварот па така дошло до прекин.
Во официјалниот записник стои дека натпреварот на полувреме бил прекинат на барање на главниот судија Божиновски.