Водството на најпопуларната верзија на мото трки во светот, Мото ГП, објави дека од 2023 година ќе се вози трка на тлото на Унгарија. Поточно на патеката близу градот Дебрецин.
Последен пат во оваа држава биле организирани трки од Мото ГП верзијата во 1990 односно 1992 година на популарната патека Хунгароринг која инаку на сите ни е добро позната од Формула 1 карванот.