Осумкратниот светски шампион во мотоциклизам Марк Маркез конечно се врати на мотоциклот по осуммесечна пауза поради скршеница на коската на надлактицата.
„Вчера, по осуммесечна пауза и лекарско одобрување, конечно повторно го имав ова чувство – дури и на мал мотор“, напиша Марк Маркез на својот профил на Твитер.
Марк Маркез ќе отпатува за Катар, а потоа ќе се врати во Шпанија каде се подготвува за почетокот на сезоната. Тој не може да учествува на тестирањата, бидејќи сè уште не се опоравил од операциите што требаше да ги направи по повредата што ја заработи на почетокот на сезоната 2020 година.
Новата сезона во Мото ГП започнува на 28 март со трката за Големата награда на Катар.
Ayer, después de ocho meses y tras el ok de los doctores, por fin volví a sentir esta sensación aunque fuese con una mini moto 😁👍🏼
Yesterday, after eight months and the Doctors approval in the last check-up,I felt this feeling again although it was with a mini moto! #stepbystep pic.twitter.com/supRUYKmYD— Marc Márquez (@marcmarquez93) March 13, 2021