Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски во најбрзо време ќе оди на оперативен зафат. На вчерашниот тренинг се повреди, станува збор за преден вкрстен лигамент. Паузата за ваков вид на повреди е шест месеци, тој ќе ги прескокне претквалификациите за СП, кои се закажани за во август.
„Таков е животот, во спортот се случуваат вакви повреди. Но, ќе се вратам уште посилен“, ни изјави Војдан Стојановски, кој продолжи.
„Се повредив на вчерашниот тренинг, за жал снимките покажаа дека станува збор за преден вкрстен лигамент. Во најскоро време ќе одам на оперативен зафат, а потоа ќе се насочам кон рехабилитацијата, оваа повреда бара точно шест месеци пауза, нема отстапки“.