Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски дефинитивно ќе отсуствува шест месеци од терените. На вчерашниот тренинг Војдан се повредил, прегледите покажале дека станува збор за најтешката повреда, преден вкрстен лигамент.
Војдан наскоро ќе оди на оперативен зафат, а паузата за враќање на терените е шест месеци, за ваков тип на повреди нема отстапка.
Ова значи дека капитенот на нашиот најдобар национален тим нема да биде во составот за претквалификациите за Светското првенство, кои се закажани за август.