Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез направи важен чекор кон враќање во најсилната конкуренција. Возачот на Репсол Хонда направи тест-серија на патеката Каталуња за да ја тестира својата физичка состојба по осуммесечно отсуство од патеките.
За Маркез, сезоната 2020 година започна драматично на трката за Големата награда на Шпанија минатиот јули, кога доживеа сериозна несреќа на патеката во Херез, што резултираше со фрактура на раката. Пред несреќата, тој освои светска титула во категоријата до 125 ццм (2010), една титула во Мото2 конкуренција (2012) и шест шампионски трофеи во Мото ГП (2013, 2014, 2016, 2017, 2018 и 2019 година).
По падот, 28-годишниот Шпанец беше подложен на низа операции на коските на десното рамо. Следеа компликации што го принудија да го пропушти остатокот од сезоната, во која неговиот сонародник Мир ја освои својата прва титула возејќи за Сузуки.
Откако лекарите му дадоа зелено светло да ги засили тренинзите благодарение на подоброто заздравување на коските во неговата рака, тој најпрво ја тестираше својата форма на мини мотор на патеката Циркуте де Алкарас, во близина на неговиот дом во Сервера. Овој вторник, Маркез се качи на Хонда RC213V – сериската верзија на неговиот мотор во Мото ГП – и возеше на патеката Каталуња, што е следен чекор кон неговото враќање.
Сезоната во Мото ГП започнува на 28 март со вечерна трка за Големата награда на Катар.