Бабиќ: Не успеавме да уловиме голема риба

35

Е.Пелистер не успеа да дојде до изненадување на дуелот со Магдебург, прв во осминафиналето во Европската лига. На домашен терен беше совладан со 24-32, германскиот тим целосно го надигра битолскиот состав, најавите на Жељко Бабиќ не се исполнија.

„Честитики до Магдебург. На почетокот промашивме многу шутеви, бевме премногу бавни, што пак е недозволиво кога играш против еден ваков тим, не го покажавме најдоброто. Чест е да се игра против еден ваков тим, мора да ја подобриме играта. Ја изгубивме силата, ова беше тежок меч и големо искуство за мене како тренер, се надевам дека ќе бидеме подобри во Магдебург. За мене е голем предизвик, играме три меча во една недела и со многу повреди. Не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме“, рече Бабиќ на официјалната прес-конференција.

 

ПретходноЕ.Пелистер експресно капитулираше, Магдебург се прошета низ Битола
СледноТФТ демолиран во Изреал