Е.Пелистер по чудо, Магдебург без пораз четири месеци

52

Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) го пречекува Магдебург во првиот осминафинален натпревар во Европската лига. На дуелот во Битола нема дилеми кога станува збор за фаворитската улога, бундес-лигашот доаѓа со неверојатна серија од 19 меча без пораз, односно 17 победи и две ремија во сите натпреварувања. Последен пат Магдебург загубил пред повеќе од четири месеци од Лајпциг на гостински терен во домашниот шампионат.

Сето ова им се јасно на тренерот Жељко Бабиќ и неговите избраници, но тоа пак не им дава право да одиграат совршен меч и да приредат чудо во Битола. Противникот е добро анализиран, иако стратегот на Е.Пелистер на располагање ги нема сите сили, сепак најави максимална битка на теренот, па и сензација. Домашниот терен е доволен мотив да се одигра на врвно ниво против еден врвен тим.

„Не неслучајно се втори во Бундеслигата, но ќе повторам уште еднаш: Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер!“, изјави по последниот тренинг Бабиќ.

Директен пренос од Е.Пелистер и Магдебург ќе има на МТВ.

ПретходноМаркез ги мина финалните тестови, наскоро се враќа на патеките
СледноБитолчани без Хендави на Мегдан со Магдебург