Маркез, сепак, ќе ги прескокне првите две трки од новата Мото ГП сезона

34

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Катар. Шпанецот нема да се појави и на стартот на втората трка во Катар. Одлуката на Маркез ја соопшти неговиот тим, Репсол Хонда.

„По уште еден преглед на лекарите, тие ми препорачаа да продолжам со закрепнувањето и да не настапувам во Катар. Сакав да тргнам со првата трка од сезоната, но ќе треба да продолжам да работам на закрепнување за брзо да се најдам во оптимална состојба“, изјавил Маркез.

Следниот лекарски преглед на Шпанецот е закажан за 12 април, односно пред третата трка во сезоната која треба да се одржи во Португалија на 18 април.

ПретходноБитолчани без Хендави на Мегдан со Магдебург
СледноЕ.Пелистер експресно капитулираше, Магдебург се прошета низ Битола