ТФТ демолиран во Изреал

102

ТФТ не успеа од втор обид да дојде до победа во втората рунда во балканското друштво. Иако во домашното првенство знае да приредува изненадувања, сепак против Хапоел Гилбоа, тоа беше само мисловна именка.

Македонскиот претставник го запиша вториот пораз, откако беше убедливо совладан со 94-68. Дуелот беше решен по првата четвртина, по која домаќинот имаше предност од 31-14, до крај само рутински го заврши мечот.

Андерсон со 19 поени беше единствениот кошаркар во редовите на ТФТ со двоцифрен број на поени.

 

ПретходноБабиќ: Не успеавме да уловиме голема риба
СледноИгра на нерви во Букурешт, со несреќен крај за Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)