Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред првата трка во новата МОТО ГП сезона, која почнува во Катар. Првиот тркачки викенд, и првата пол-позиција е обезбедена со рекорд на патеката Лосаил. Бањаја исто така стана првиот возач што возел под 1:53 и на крајот со време 1:52.772 успеа да дојде до стартното место во првиот ред за утрешниот старт на трката.
Голема причина за задоволство има и ветеранот Валентино Роси, кој вози за Петронас од оваа сезона и успеа да стигне до високото четврто место. Фабио Квартараро ќе стартува втор, а Маверик Вињалес ќе биде трет.
Трката за Големата награда на Катар е на програмата во недела од 19 часот.