Работнички со победнички крај на Златибор!

28

И Работнички одигра одличен натпревар за крај на турнирот во АБА 2-лига. Регуларниот дел најтрофејниот македонски кошаркарски колектив го завршува со пет победи и осум порази, откако го совлада составот на Суботица со 87-77.

Димитар Мираковски и неговите избраници можеа да бидат и дел од плеј-офот, но проблемите со коронавирус и трите службени порази на крајот си го сторија своето. На крајот треба да бидат задоволни со мал број на кошаркари успеаја да запишат победа.

Нова, феноменална партија пружи македонскиот репрезентативец, Љубомир Младеновски, запиша дабл-дабл од 20 поени и 17 скока, зад него беше Тортон со 18 поени и 7 скока.

Кошаркарите на Работнички со серија од 14-3 на крајот на првата четвртина поведоа со 27-16. Од овој момент ја превземаа контролата на натпреварот, на одморот заминаа со позитива од 45-32 и та благодарение на Младеновски и неговиот дабл-дабл учинок од 15 поени и 11 скока.

Ритамот не се промени, Слобода немаше решение за распложените „црвено-бели“. Водство растеше 67-45 и 72-50 во 33. минута. Во една ваква ситуација беше лесно да се приведе мечот и да се заврши победнички овој дел од дебитанската сезона во второлигашкото јадранско натпреварување.

Македонскиот тим останува да се бори во плеј-аутот за останување во АБА 2-лига.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/Драгана Стјепановиќ

ПретходноРадуловиќ: На почетокот играчите беа под мал притисок, но фативме ритам
СледноМираковски: Останува да жалиме за Бања Лука и за кратката ротација