МЗТ Скопје се одјави со стил, го растури домаќинот Златибор

47

МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел во АБА 2-лига, на последниот дуел против домаќинот на турнирот славеше со 71-90. Тимот од Аеродром дојде до осмиот триумф оваа сезона, сега го чека финалниот распоред на табелата за потврда на противникот во плеј-офот.

Првата четвртина мина во знакот на противникот, со серија од 12-0 поведе со 20-8. На стартот на вториот период, МЗТ Скопје се врати од негатива од 16 поени, направи 15-0 и дојде на минус еден (30-29). Пред крајот на овој период, го превзема водството.

По одморот, Златибор само еднаш поведе (50-49), но македонскиот претставник брзо се врати. Мечот го реши со нова серија од 11-0 за двоцифрени 60-75. Ова беше доволно за сигурни бодови.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 25 поени, зад него беше Николов со 18 поени, два помалку запиша Тарнер.

ПретходноБањаја стартува од пол-позицијата во Катар, „Докторот“ почнува како четврти
СледноРадуловиќ: На почетокот играчите беа под мал притисок, но фативме ритам