Периќ: Мора да се собереме и да извлечеме поуки

31
По поразот од Вардар, Е.Пелистер го чека уште една тешка битка против Магдебург во осминафиналето во Европската лига. Битолскиот тим добро ја почувствува моќта на бундес-лигашот, виде дека домашниот терен не значи ништо кога се игра против еден фаворит, особено кој доаѓа од една од најсилните лиги во светот.

„Очигледно е дека падот на формата дојде во најлошо можно време. Треба да се собереме и да одиграме најдобро што можеме против Магдебург во Германија. Мораме тој натпревар да го искористиме за да извлечеме поуки и да смениме што не функционираше во нашата игра и да се вратиме на прав пат, бидејќи ни следат уште многу важни натпревари во краток период“, изјави Јосип Периќ.

Иако веќе е јасен патникот во четвртфиналето, сепак ракометарите на Е.Пелистер најавуват максимална бтика.

„Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив“, изјави Елмир Граџан.

ПретходноБрз гол, па уште посилно „газење“ во вториот дел (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТФТ вторпат загуби од Берое, загубени сите шанси за Ф4