На коло пред крајот од натпреварите во втората фаза, екипата на ТФТ се збогува со теоретските шанси за пласман на завршниот турнир од БИБЛ лигата. По втор пат за кратко време во натпреварите од групата „Ф“,тимот од скопската населба Тафталиџе загуби од бугарскиот преставник, Берое, денеска и на гостински терен со 91:90.
Нешто како и на претходното гостување во Израел личеше почетокот на средбата со Берое во Стара Загора. Уште еднаш, почетната постава на ТФТ многу рано влезе во голема резултатска негатива. По нецели десет минути гостите имаа -13 (19:32), на кои до крајот на првот период „одземаа“ два поени (21:32).
Американците во редовите на Берое, Рејн и Гавин комплетираа 20.поени во првите десет минути од мечот во Стара Загора.
Во продолжението, нов пад во играта на нашиот претставник во балканската конкуренција. За само 4:10 минути, Берое го удвои и онака високото водство. По 25.минути игра, домаќините имаа плус 20 (65:45).
Бејли заврши со 19, реализации, трилингот Херис-Смит-Митревски по 14, Николов 11 и Хортон уште 10.поени за нашата екипа, која на две минути пред крајот намали на (80:85). А во последната секунда, Митровски, со тројка го постави конечниот резутат (91:90) За Балкан.
Ова беше третиот пораз на ТФТ во трите досега одиграни натпревари од групата „Ф“. Им останува да одиграат уште еден, на 5. април, кога во Скопје го пречекуваат Хапоел Гилбоа Галил.
ФОТО: КФСМ