Пред дуелот меѓу Магдебург и Е.Пелистер во рамките на осминафиналето во Европската лига закажан за денеска (18:45 часот), германските медиуми се сеќаваат на средбата во Битола, на ракометната треска во овој град, на незаборавната атмосфера.
На денешен ден (30 март) во 1996 година Пелистер беше на чекор до финалето на Купот на победниците на Куповите. Битолчани по поразот од Легмо 25-23, на домашен терен имаа вистинска шанса да запишат сензационален резултат.
Бундес-лигашот беше практично поразен, со примен гол во последната секунда на Пелистер му избега финалето. Славеше со 24-23 (12-13).