За Е.Пелистер заврши со обврските во Европската лига. По поразот во Битола беше јасно дека македонскиот претставник својот настап го завршува во осминафиналето, Магдебург не дозволи сензација, патникот во следната фаза во реши на првиот меч, па вториот беше чиста формалност.
Без Жељко Бабиќ на клупата и Хендави на голот, како и стандарно отсутните ракометари поради повреди, Е.Пелистер беше совладан со 35-24 (14-9).
Битолчани само еднаш поведоа, на почетокот на мечот со 1-2. На другата страна Магдебург во овој период од играта го заврши со позитива од пет гола (14-9). Германскиот состав не застана, во продолжение го полнеше голот на противникот, највисоката предност беше седум гола (17-10, 19-12 и 23-16). До крајот немаше никакви дилеми околку победникот.
Чаневски мечот го заврши со осум одбрани, Мандалиниќ пак беше прв стрелец со седум гола од 11 обиди, Маџовски запиша пет погодоци од осум обиди.