Манасков дефинитивно отпаѓа, шанса за резервите да се докажат

27

Македонската ракометна репрезентација дефинитивно без Дејан Манасков ќе настапи на мечот против Швајцарија во недела. Играчот на Веспрем се повреди на дуелот со Финска, иако повредата не е сериозна, сепак нема да се ризикува, особено ако се земе во предвид дека Македонија веќе обезбеди место на ЕП 2022 година.

Отсуството на Манасков ќе биде шанса за помладите ракометари да се доакажат.

„Дејан Манасков отпадна од комбинација, се надевам дека повредата нема да биде сериозна. Тој е квалитет, ќе фали, но мора да создаваме играчи, имаме и други резерви, сега ќе имаат шанса да покажат што знаат, да знаеме што ќе не чека во иднина на таа позиција“, рече селекторот, Кирил Лазаров.

 

ПретходноГерманците се сеќаваат на пеколот во Битола пред 25 години
СледноЕ.Пелистер со убедлив пораз ја заврши европската авантура