Познат составот за мечот со Магдебург: Е.Пелистер одново без Хендави

27

Е.Пелистер вечерва (18:45 часот) го игра реваншот со Магдебург во осминафиналето во Европската лига. По убедливиот пораз на домашен терен (24-32), на битолскиот состав не му останува ништо друго освен достојно да се збогува со Европа.

На оваа средба на клупата ќе го нема Жељко Бабиќ, кој по натпреварот со Вардар 1961, е позитивен на коронавирус. Од оние кои беа планирани и најавени, одново на мрежата нема да биде новото засилување, Карим Хендави.

Битолчани се во серија од два порази во низа, и тоа двата во едно неочекувано издание, па токму затоа денеска ќе сакаат да покажат дека имаат сили за многу повеќе.

ПретходноТФТ вторпат загуби од Берое, загубени сите шанси за Ф4
СледноГерманците се сеќаваат на пеколот во Битола пред 25 години