Е.Пелистер вечерва (18:45 часот) го игра реваншот со Магдебург во осминафиналето во Европската лига. По убедливиот пораз на домашен терен (24-32), на битолскиот состав не му останува ништо друго освен достојно да се збогува со Европа.
На оваа средба на клупата ќе го нема Жељко Бабиќ, кој по натпреварот со Вардар 1961, е позитивен на коронавирус. Од оние кои беа планирани и најавени, одново на мрежата нема да биде новото засилување, Карим Хендави.
Битолчани се во серија од два порази во низа, и тоа двата во едно неочекувано издание, па токму затоа денеска ќе сакаат да покажат дека имаат сили за многу повеќе.