Куманово по голема драма поразен од Хаопел

45

Куманово не успеа да дојде до првата победа во втората фаза во БИБЛ-лигата. На последниот натпревар беше совладан од Хапоел Холон со 98-96 по голема драма. Победникот беше решен во последните секунди, а кошаркарите на Куманово ќе жалат долго време, во голем дел од мечот беа далеку подобар противник.

Македонскиот претставник во балканското друштво одигра одличен натпревар, по изедначената битка во првата четвртина (28-28) за осум поени беше подобар од домаќинот со 17-25. Хапоел по одморот успеа да израмни на 57-57, но водството го задржа Куманово и по овој период (72-76).

Во решавачките десет минути се водеше вистинска битка, предноста се менуваше, на крајот по поени на Џекиќ за 96-96, противникот реализираше за 98-96, на другата страна Ливингстон загуби топка.

Токму Ливингстон со 29 поени беше прв стрелец кај македонскиот тим, зад него беше Џекиќ со 20 поени.

ПретходноЧаневски ја има одбраната на колото во ЕХФ Европската лига (ВИДЕО)
СледноКвартараро донесе втора победа за Јамаха сезонава