ТФТ со исто сценарио како Куманово во балканското друштво

39

И вториот македонски претставник во БИБЛ-лигата, ТФТ без победа ја завршува втората фаза во ова натпреварување. На последниот меч, на домашен терен избраниците на Боро Смилковски беа убедливо совладани од Гилбоа со 71-105 на последната средба.

Со четвртиот пораз, ТФТ е единствен во својата група со ваков скор и последен на табелата.

Кошаркарите на македонскиот тим до средината на втората четвртина беа рамноправен противник, гостит со серија од 2-13 поведоа со 32-43 и до крај не дозволија пресврт.

Херис со 14 поени и Смит со 12 поени и 11 скока беа нешто подобри од останатите. По завршување на обврските во ова натпреварување, ТФТ целосно се насочува кон Првата лига.

 

ПретходноКвартараро донесе втора победа за Јамаха сезонава
Следно“Пандевци“ слават ново финале, триумф во Ѓорче со 3:1…(ВИДЕО)