Васоски: Голем успех е пласманот во финалето, браво за момците!

28

Академија Пандев со 3:1 ја победи Македонија ЃП попладнево во Ѓорче и со тоа се пласира по вторпат во својата историја во големото Куп финале на Македонија. Во 2019 година “пандевци“ го освоија пехарот, да видиме како ќе биде на 19 мај, ќе игра против подобриот од утрешниот меч меѓу Струга Трим Лум и Силекс.

За тоа како го виде овој меч свој коментар има Александар Васоски, стратегот на струмичани.

„Тежок натпревар. Да се победи Македонија ЃП на нејзин терен по вторпат за само четири дена секако дека не е мала работа. Сепак успеавме да победиме и да се пласираме во финалето на Купот на Македонија, ова е голем успех на нашиот клуб. Браво за момците, едноставно изгинаа на теренот во текот на целиот меч. Рано останавме со играч помалку, потоа силите се израмнија, на крај сепак победивме, сметам заслужено по се она што беше прикажано на теренот попладнево во Ѓорче“ изјави за СПОРТМЕДИА, Александар Васоски кој за првпат во својата тренерска кариера ќе има настап во Куп финале.

ПретходноСтрумичани знаат како во купот
СледноЗагреб не патува во Германија, го губи двомечот со Фленсбург