Загреб не патува во Германија, го губи двомечот со Фленсбург

26

Поради фактот што тимот на Загреб има само пет здрави ракометари, а сите останати се позитивни на коронавирус, двомечот кој овој тим требаше да го одигра утре и задутре во Германија против Флензбург, а е дел од Лигата на Шампионите ќе биде доделен со службен резултат за противникот.

Едноставно Загреб немаше доволно ракометари на располагање за да го одигра овој меч. ЕХФ инсистираше двата дуели да се одиграат токму утре и задутре во Германија, но едноставно тоа во моментов не е возможно.

На дел од играчите на Загреб изолацијата им завршува утре па би можеле евентуално да го одиграат вториот дуел, но на клубот тоа малку му значи со оглед на фактот што не сака да го одигра првиот меч со јуниори.

Со ова е дефинитивно ставен крај на европскиот пат на Загреб годинава кој одамна требаше да биде завшрен ако не одлучеше ЕХС сите учесници во Лигата на Шампионите да играат и елиоминациона фаза.

ПретходноВасоски: Голем успех е пласманот во финалето, браво за момците!
СледноКуп полуфинале: Трим Лум по историја, кратовци чекаат 24 години на големото финале!