Екипата на Академија Пандев по втор пат во три сезони ќе биде финалист во националниот куп на Македонија.
Струмичани предмалку беа подобри од тимот на Македонија ЃП во единстениот натпревар од полуфиналната фаза на гостински терен со конечни 1:3. Головите за гостите на овој меч ги постигнаа Ферати односно Марјан Радески на два пати од пенал, а по триумфот стандардо Академија Пандев прослави уште во соблекувалната со традиционалната „селфи“ фотографија.