Се играше 82.минута од полуфиналниот дуел во Купот на Македонија меѓу Струга Трим Лум и Силекс. Резултатот беше 0:0, судијата Ѓорѓиев покажа дека има фаул за кратовци. Ристов центрираше, а Каракамишев шутираше со глава во мрежата на Мирселовски. Сепак од ТВ снимката се гледа дека голот на кратовци во најмала рака паднал од сомнителна офсајд ситуација. Е сега дали судиите погрешија или не, останува да се процени.