Симов-тренерот на Силекс: Пресреќен сум, ова за нас е историја!

117

Откако неговиот тим успеа да слави со 1:0 во полуфиналето во Купот против Струга Трим Лум, тренерот на Силекс, Горан Симов во изјава за СПОРТМЕДИА не ја криеше својата радост. Напомена дека ова за нив е историја, дека по цели 24 години Силекс одново е во големото финале.

„Па, ова за Силекс, за нас, е историја. Токму оваа генерација по цели 24 години му го донесе на клубот овој успех. Лани игравме во квалификациите во Лигата на Шампионите, оваа година играме во големото финале. Секако дека против Академија Пандев на 19 мај ќе си ја бараме нашата шанса да го донесеме пехарот во Кратово. Морам да кажам дека сум пресреќен, да се победиа на гости и тоа во Струга во еден ваков меч секако не е мала работа. Сепак сега треба да мислиме и на мечот со Вардар во недела, меч од 26.коло во ПМФЛ, кој можеби е пресуден за нас оваа сезона“ изјави Горан Симов.

ПретходноКратовци слават: Каракамишев го однесе Силекс во големото финале… (ВИДЕО)
СледноСилекс со победничко селфи од Струга! (ФОТО)