Што ли пропушти Струга ТЛ: Сега 4.место не е доволно за во Европа!

128

Малку недостигаше Струга Трим Лум да испише историја. Одигра сосема добро против Силекс во денешното полуфинале, но сепак не успеа, за жал за своите фанови, но и за сите во клубот. Нема финале за момците на Струга Трим Лум, преку кое можеше многу лесно овој клуб да се најде во Европа. Сега ќе биде попроблематично, ако се знае дека преку Купот излез во Европа, во таа Конференциска лига ќе изборат Академија Пандев или Силекс, и двете екипи се во долниот дел на табелата. Што значи дека сега Трим Лум ќе мора по секоја цена да ја “брка“ Македонија ЃП која е трета. Едноставно кажано, 4.место веќе нема да води во Европа.

Ова секако важи и за Работнички кој е во минус од пет бодови во однос на Македонија ЃП,а Струга ТЛ четири. Во секоја случај ќе биде интересно, иако да кажеме дека дури допрва во Струга Трим Лум ќе сфатат што пропуштија.

Интересно, и во двете полуфиналиња гостите победија, Академија Пандев во Ѓорче вчера, а Силекс денеска во Струга.

ПретходноСилекс со победничко селфи од Струга! (ФОТО)
СледноДали голот на Силекс беше од офсајд? (ВИДЕО)