Вардар 1961 со убедлив пораз се збогуваше од ЛШ, на гостувањето кај Веспрем беше совладан со 39-30 на вториот дуел од осминафиналето.
Во овој момент, македонскиот тим е далеку од нивото кое е доволно за убави европски ракометни денови како во годините кога беше на Ф4 во Келн.
„Како во Скопје, Веспрем беше подобар тим. Ние имавме многу проблеми со транзицијата особено во првото полувреме, постигнаа лесни голови, пробавме со седум на шест, но овој момент тие се подобар тим од нас“, изјави кратко Алушовски, кој им посака среќа во четвртфиналето против Нант.