Скендеровски: Жално е кога ќе загубиш на ваков начин, со гол што не е гол!

103

Футсал селекцијата на Македонија, и покрај тоа што беше драстично ослабена одигра одлично против фаворитот БиХ. Малку недостигаше не само да извлечеме бод, туку и да го победиме силниот гостински тим. На 2:2 во финишот се случуваа чуда на паркетот во салата “Јане Сандански“ во Скопје. На крајот загубивме со гол кој се чини дека и не беше гол, топката не ја мина со целиот обем гол – линијата.

Само за СПОРТМЕДИА свој коментар има селекторот на нашата футсал репрезентација Васко Скендеровски.

“Па, што да се каже по еден ваков натпревар. Жално е кога ќе загубиш на ваков начин и тоа со гол кој што не е гол. По мечот во неколку наврати ја враќавме спорната ситуација и сите се уверивме дека немаше гол за БиХ за победа, но тоа е, што да се прави. Ние иако ослабени одигравме навистина добро, достојно и прариравме на силната БиХ која знае само за победи во нашата група. Жалам што на крајот нашата добра игра не резултираше со победа, или барем со реми. На 12 секунди ние не погодивме празен гол за победа, но затоа примивме гол што не е гол, за пораз. Генерално јас сум задоволен од настапот на нашите играчи“ изјави Скендеровски.

ПретходноАлушовски: Веспрем едноставно е подобар тим од Вардар
СледноГодините летнаа: Чупиќ го одигра последното танго во ЛШ како вардарец (ВИДЕО)