Лазаров: Секогаш сум сакал големи предизвици

26

Најдобриот македонски ракометар во историјата и актуелен селектор, Кирил Лазаров повторно со својот Нант го елиминираше Киелце во осминафиналето од Лигата на шампионите. Французите направија сензација, одиграа фантастично и ги исфрлија Полјаците од елитното европско натпреварување.

Духот, ентузијазмот и самодовербата не однесоа до победата против Киелце кој беше кандидат и за Ф4 во Лигата на шампионите. Запишавме уште една страница во историјата на клубот. Никој не очекуваше да го постигнеме овој подвиг во Полска, но ние верувавме во себе. Да зборувам искрено, заслуживме да победиме уште во првиот натпревар кога игравме на домашен терен, но тогаш правевме многу грешки поради кои загубивме. Секогаш во кариерата сум си поставувал високи цели. Рекордите се производ на напорната работа и труд низ целата моја кариера“, вели Лазаров во разговор за „Ouest-france“.

За македонскиот селектор сега со Нант останува уште Веспрем на патот до Ф4-турнирот во Лигата на шампионите.

ПретходноГодините летнаа: Чупиќ го одигра последното танго во ЛШ како вардарец (ВИДЕО)
СледноФантастичната Сара Ристовска ја однесе ЦСКА на Ф4 во Лигата на шампиони