Неверојатен меч одиграа ЦСКА Москва на нашата Сара Ристовска и ЧСМ Букурешт во реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Руската екипа имаше негатива од пет гола од првата средба, но одигра феноменално, во еден момент имаше и водство од седум гола. На крајот Сара и нејзиниот тим славеа со 24-19 и токму тие заверија билет за битката за титулата.
Ристовска повторно беше фантастична, постигна седум гола од осум обиди со кои беше прв стрелец во таборот на ЦСКА Москва. Ова ќе биде прво учество на ЦСКА на Ф4 во Лигата на шампионите.
Македонската репрезентативка во првото полувреме со три гола учествуваше во серијата на ЦСКА Москва за водство од 12-10. Главна улога имаше и по одморот, постигна три гола, два од седум метри.
Место во полуфиналето обезбедија уште Брест, Кристијанштад и Ѓер.