Странец на местото на Тодоров? КФСМ во понеделник ќе го промовира новиот селектор

68

Кошаркарската федерација на Македонија, најави дека во понеделник ќе го промовира новиот селектор кој ќе дојде на местото на Александар Тодоров, со кого следуваше разделба по квалификациите за пласман на ЕП, на кои нашата селекција не успеа да се пласира на големото натпреварување.

„Спортмедиа“ дознава дека најсериозен кандидат да го превземе кормилото е српскиот тренер Драган Баjиќ од Игокеа. Дознаваме дека тој минатата недела бил на преговори со КФСМ, а дали дошло до конечен договор ќе се знае во понеделник.

ПретходноФУТСАЛ: Македонија без стандардните катастрофално изгуби од Романија (9:1)
СледноХарис и Ливингстон во најдобрата петорка во БИБЛ, МВП признанието за Американецот на ТФТ