Фабио Квартараро е победник на трката од Мото ГП шампионатот во Португалија и со тоа ја оправда улогата на фаворит со оглед на фактот што стартуваше како прв.
Тој ја искористи ситуацијата што дел од неговите најсериозни конкуренти испаднаа во текот на трката по што задачата му беше олеснета.
Зад Квартараро кој сега води и во генералниот пласман, се најде Франческо Бањаја од тимот на Дукати Леново, додека Жоан Мир од Сузуки го освои третото место. Бодови освоија уште и Морбидели, Биндер, А. Еспаргаро, браќата Маркез, Бастијанини и Накагами.