Бајиќ: Дојдов да направам добро за Македонија, би сакал да останам десет години

141

КФСМ и официјално го претстави Драган Бајиќ за нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Станува збор за стратег, кој во својата кариера водел само два тима, Черно Море и Игокеа. Бајиќ доаѓа на местото на Александар Тодоров, негова главна задача ќе биде да ја одведе Македонија на ЕП, а прв предизвик ќе бидат претквалификациите за СП.

Бајиќ доби четиригодишен договор, најави спортскиот директoр, Тодор Гечевски.

„Благодарност за довербата, за секој тренер е задоволство да биде селектор на една земја. Среќен сум што ќе бидам селектор на Македонија. Дојдов со голема енергија, да направам добра работа. Ми рекоа четири години, но јас сакам да останам десет години.

Рано е да зборувам за што како. Сите играчи ќе добијат шанса да играат, ќе се обидеме од секој да извлечам најдоброто. Се надевам на добра соработка, на репрезентацијата гледам како на семејство, мора сите да бидеме како едно, тоа е патот до успехот“, изјави на промоцијата.

Визијата на новиот предводник е да им даде предност на младите играчи.

„Како тренер никогаш немам загубено во Скопје. Кога во прашање е репрезентацијата мора да им се даде шанса на младите во следните три-четири години. Има сигурно млади играчи, кои ќе конкурираат. Спојот на младот и искуство може да даде добар резултат. Војдан е повреден, мора да дефинираме, кој ќе настапи, во август ќе имаме јасна слика“, рече Бајиќ.

ПретходноБајиќ и официјално нов селектор на Македонија
СледноНовиот селектор нема премногу инфо за Македонија: Не го познавам Јакимовски