Драган Бајиќ и официјално е нов селектор на машката кошаркарска репрезентација, тој доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФСМ не му понуди нова соработка, откако по неуспешните квалификации за ЕП.
Бајиќ е петтиот странец, кој ќе седне на клупата на националниот тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификации за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат играше во 2015 година.
Новиот предводник на националниот тим во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига е најпријатно изненадување. Во досегашниот дел од својата тренерска кариера ја има водено само уште екипата на Черно Море во 2015 година.
Во 2007 година почнал како асистент тренер во Игокеа, тим со кого има 10 годишни искуство.