Драган Бајиќ во следните четири години ќе биде задолжен за нашата најдобра македонската кошаркарска репрезентација. Прв предизвик за новиот преводник ќе бидат претквалификациите за СП.
Очекувано, тренерот на Игокеа нема многу познавања за Македонија и нашата кошарка. Како што кажа самиот понудата дошла во последен момент, но верува дека ќе ги има навреме сите потребни информации, за тоа ќе бидат задолжени помошниците, кои дел ќе бидат македонски тренери, а еден ќе биде странец.
„Искрено, не ја следев Македонија, немам многу информации за составот. Не го познавам Јакимовски, кој игра во Америка. Но, не бегам од одговорност, дојдов со позитивна енергија, мора да бидеме свесни за составот. Верувам дека ќе успеемее“, рече Бајиќ.