МЗТ Скопје во Подгорица по елитната јадранска виза

66

МЗТ Скопје ја почнува најважната битка за враќање во АБА-лига. Македонскиот тим на патот кон елитата за противник го има Младост Земун, првата четвртфинална пресметка се игра денеска во 12 часот. Домаќин на овој балон е Подгорица, а за место во следната рунда, избраниците на Дарко Радуловиќ од оваа пресметка мора да излезат како севкупен победник.

Добра вест за МЗТ Скопје е што на овие дуели ќе влезе во комплетен состав, повредените на време се рехабилитираа, па ќе биде далеку полесно од претходно.

Оваа сезона двата тима одиграа еден меч, истиот заврши во корист на Младот, кој по голема драма славеше со 75-82.

Подобриот од овој меч ќе се сретне против Студенски Центар или Слобода Ужице.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА

ПретходноМарин Докузовски се повлекува од Стручниот совет при КФСМ
СледноМладост го демолираше МЗТ Скопје во првата 1/4 финална пресметка