Лечиќ: Федерацијата ги „прегази“ македонските тренери, ова е безобразно!

235

Марија Ковачева

СПОРТМЕДИА денеска објави дека Марин Докузовски, најуспешниот македонски селектор си поднесе оставка од Стручниот совет при КФСМ. Причината за ваквиот потег на предводникот на националниот тим кој во 2011 година го свои историското четврто место на ЕП е нефункционирањето на ова советодавно тело за важни моменти во кошарката.

По овој текст и одлука на Докузовски, се огласи и Лазар Лечиќ. Легендата на македонската кошарка и еден од најдобрите на сите времиња, е разочаран од потегот на КФСМ и од изборот на селекторот на нашиот најдобар национален тим. Зборовите на Лечиќ секогаш имаат голема тежина.

„Ова е безобразен и храбар потег. Федерацијата ја прескокна македонската струка, навистина не знам зошто тоа е така. Долго време немам контакт со нив, поради корнавирусот постојано сум дома.

Не би сакал да навредам никого. Никогаш не сум бил националист, но секогаш гледав низ призмата за доброто на кошарката. По нанзначувањето на новиот селектор добив повик од многу пријатели, познати кошаркарски имиња, сите се чудат за овој потег на федерацијата.

Ја поддржувам одлуката на Докузовски, треба да се почитува, па со него Македонија го освои четвртото место на ЕП, тој е нашиот најискусен стратег“, смета Лечиќ.

Македонија на репрезентативно ниво минува тежок период, па токму затоа треба да се биде внимателен, ако се прашува популарниот „Грк“, тогаш на клупата треба да имаме наш тренер.

„Имаме добри тренери како Докузовски, Давитков, Рајковиќ, Јончевски, Кочов, Србиновски…Па чекајте луѓе, тие ја создадоа оваа кошарка.

Ова е ранлив период за репрезентативната кошарка. Нам ни е потребно име на клупата на Македонија кое има тежина, кое може да направи пресврт. Не смеме да носиме одлуки без претходно да се консултираме со останатите македонски тренери.

Тие што не ја ценат старата формула, нема да имаат иднина. Оваа акција е целосно погрешна, федерацијата се дистанцира од целата струка, од македонската кошарка. Па нашите тренери кои го создаваат прозиводот, не може да се прескокнуваат. Мора да се има трпение со тренерите, со играчите. Кога се создава нешто, најважно е трпението, мора да функционираат како едно семејство, да има хомогеност, тим не се создава преку ноќ“.

Во ситуација која е ранлива во случајот со новиот селектор, Драган Бајиќ губи само Македонија. Ако се прашува Лечиќ, тој треба нам да ни плати за извршување на оваа функција.

„Македонија многу ќе изгуби, новиот селектор нема што да изгуби. Тој треба да ни плати нас, а не ние да му дадеме пари. Србија ја научи лекцијата, но Босна е иста како нас. Треба да се чуваат младите, тие се вистинско богатство.

Антиќ и Гечевски беа одлични кошаркари, големи кошаркарски имиња. За да бидат успешни мора да се потпрат на оние кои ја создаваат македонската кошарка, на оние што добри ги познаваат играчите“.

Да се надеваме дека овие зборови на Лазар Лечиќ ќе допрат до раководството на федерацијата. Во иднина на прво место ќе бидат македонските тренери, нема да дозволиме да се користи националниот дрес за создавање на име, кое претходно не било познато за јавноста.

ПретходноМладост го демолираше МЗТ Скопје во првата 1/4 финална пресметка
СледноИзречени казните за хаосот во Тетово: Суспензии за делегатот и судиите на мечот