МЗТ Скопје не успеа да дојде до триумф во првата пресметка со Младост во рамките на четвртфиналето во АБА 2-лига. Патот на македонскиот претставник кон елитата стана тежок по убедливиот пораз од 95:75.
Листата на стрелци е скромна кај „сино-белите“, Тарнер запиша 10 поени, Крстевски има девет поени, еден помалку има Мекиќ.
Избраниците на Дарко Радуловиќ одиграа добро само во првата четвртина, се држеа до средината, по која противникот го наметна својот ритам, поведе со 28-19. За кратко време негативата беше двоцифрена (30-19), пред одморот Младост поведе со високи 52-31.
Не се промени ништо ниту во третата четвртина, на момент МЗТ Скопје спушти под десет, но мечот одново отиде во непосакуван правец. На шест минути до крајот беше 82-63. Кошаркарите од Аеродром ниту имаа сила, ниту шанса за пресврт. Негативата дојде на 93-69.
Втората средба се игра во четврток, МЗТ Скопје ќе има тешка задача.