Македонската судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе бидат дел од завршниот Ф4-турнир во женската ракометна Европска лига на ЕХФ.
Завршницата ќе се игра во Баја Маре, Португалија а македонскиот судиски пар е номиниран заедно со уште четири други. На Ф4-турнирот ќе играат романски Минор Баја Маре кој е домаќин, француски Нант, унгарски Шиофок и дански Хернинг Икаст.
Ф4-турнирот во Европската лига ќе се игра на 8 и 9 мај.