У-17: Надежите поразени од Црна Гора во пријателски меч

70

По ремито пред два дена (1:1), денеска во вториот пријателски меч нашата млада селекција за играчи до 17 години претрпе минимален пораз од Црна Гора со 0:1. Мечот кој се одигра на ФФМ во Скопје во целост ги оправда очекувањата од двете селекции. Сепак гостите победија со голот на Марко Перовиќ во 63.минута, откако тој прво се проби по десната страна а потоа умешно го матираше нашиот голман.

По овие две контроли со Црна Гора, селекторот Тони Јакимовски има подобар увид во квалитетот со кој располага оваа селекција.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 0:1 (0:0)

Стадион на ФФМ во Скопје. Гледачи: /. Судија: Христијан Божиновски (Скопје). Стрелци: Перовиќ 63. (Ц. ГОР).

МАКЕДОНИЈА: Јовановски, Мелјичи,Стојлевски, Стојанов, Ѓоргиевски, Назифи, Каба, Аризанковски, Таири, Бундалевски, Сулејман.

Резерви: Талевски, Јовановиќ, Јаневски, Беќири, Јамини, Јовановски, Нухија, Закоски, Велилчковски.

ЦРНА ГОРА: Петровиќ, Врачар, Бубања, Цамај, Кецојевиќ, Лечиќ, Павичевиќ, Тешовиќ, Вукадиновиќ, Медојевиќ, Кривокапиќ.

Резерви: Бобичиќ, Вукичевиќ, Туровиќ, Радојевиќ, Радусиновиќ, Бејиќ, Перовиќ, Мрваљевиќ, Тадиќ, Љујановиќ.

ПретходноУште еден тренер го напуштил Стручниот совет при КФСМ
СледноНема чудо во Подгорица: АБА-елитата останува недостижна за МЗТ Скопје